Медиуми: Германија ја блокира помошта на ЕУ за Украина

Германија во продолжение го одложува доделувањето на помошта за Украина во износ од девет милијарди евра, поради несогласување со Европската комисија во врска со изворот на финансирањето, пишува тиранскиот италијански дневен весник Carriere della Serra.

Како што се прецизира во миланскиот медиуми, одлуката за следниот пакет помош е донесена на самитот на Европската унија кон крајот на јуни. Сепак, германскиот министер за финансии Кристијан Линднер се спротиставил на помагањето на Киев за сметка на заедничкиот европски долг. Така, во моментов е одобрена транша од помошта во износ од милијарда евра пред крајот на јули.

Во меѓувреме времето истекува, пишува натаму Carriere della Serra, и забележува дека Киев вели дека му е неопходна помош во износ од пет милијарди евра месечно како дел од пакетите за спас на украинската економија, а исто така се претпоставува дека Украина во септември нема да може да ја подмири ратата од нејзиниот надворешен долг која стасува за наплата во септември во износ од 900 милиони евра.

Во написот, исто така, се истакнува дека таквото однесување на Берлин сериозно ги вознемирува властите во Киев. Покрај тоа, се забележува дека Украина е сомничава кон Германија дека наводно има намера да ги прекрши санкции за да го поврати целото снабдување со руски гас преку гасоводот Северен тек 1.

Киев, имено минатата седмица жестикот се спротиставувапе Канада да овозможи турбините по ремонтот во Монтреал на германски „Siemens“ да бидат испорачани во Германија, коишто да бидат вратени на руски „Газпром“, и критикуваше дека со тој потез „ќе бидат изиграни“ антируските санкции. Сепак, Отава во саботата најави дека ќе го одобри укинувањето на антируските санкции за враќањето на поправените руски турбини од гасоводот Северен тек 1 на Германија, коишто се неопходни за одржување на гасоводот.