Медиуми: Службеници од амбасадите на САД, Франција и Германија меѓу народот кој упадна во Собрание, дали СДСМ ќе бара обвинение?

Дали СДСМ ќе бара обвинение за луѓе од американската, француската и германската амбасада кои беа меѓу народот кој во четвртокот упадна во Собрание по нелегитимниот обид за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието. Прашањето кое дополнително се поставува е што бараа тие луѓе таму?, пишува во понеделникот порталот Журнал.

Според порталот, оперативици од американската, француската и германската амбасада биле присутни за време на влезот на народот во Собранието во четвртокот. Очевидци тврдат дека постојано комуницирале на телефони и давале некакви команди.

Од друга страна, во написот се констатира дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев спровел координирано сценарио чијашто цел била провоцирање на народот кој реагираше на насилниот и нелегален избор за претседателна прламентот.

Народот остана на зборот и го спречи државниот удар изведен од СДСМ и албанските партии. Останува отворено прашањето дали СДСМ ќе бара обвинение и за оперативците од овие амбасади, се прашува во текстот.