Во неделата завршија предвремените локални избори во Охрид, на коиштот за градоначалник е избран Константин Георгиески од СДСМ, зад кој застана и коалицискиот партнер во власта ДУИ.
Уште пред гласањето, повеќе медиуми, меѓу кои и ОХРИД 24, пишуваа дека постои договор меѓу Константин Георгиески, Зоран Заев и албанскиот коалиционен партнер, во замена за гласовите на муслимамското население во Охрид, минарето на Али-пашината џамија да продолжи да се гради непречено.
Сликата направена денес го потврдува тоа. По три дена од прогласувањето на победата на СДСМ и Константин Георгиески во Охрид, работници се качени на минарето и според информациите од теренот интензивно се работи.
Инаку, премиерот Зоран Заев пред речиси два месеца, во текот на неговата посета на Охрид на граѓаните им вети дека ќе се стопира изградбата на минарето додека не се расветли случајот. Датумот за изнаоѓање решение беше „по 5-ти мај”.
Станува збор за проект за заштита на културното наследство од претходните периоди којо очигледно нема да заврши само со реставрација, туку и со изградба на сосема ново 32-метарско минаре, и тоа во центарот на Охрид. Дел од локалното население реагираше на новата висина на минарето која би била петпати поголема од постојната и велат дека габаритот на ова обележје треба да остане непроменет, и да не го наруши изгледот на чаршијата, онаква каква што сите ја паметат. Охриѓани реагираа и особено поради фактот дека близина на џамијата има остатоци од ранохристијанска базилика, врз кои е и подигната џамијата.