
Американскиот претседател Доналд Трамп ја издиктирал изјавата во којашто неговиот најстар син Доналд Трамп помладиот ја дал и во којашто се покажува дека доведува во заблуда за средбата во јуни 2016 година со руската адвокатка Наталија Веселницкаја а која не била поврзана со кампањата на неговиот татко, пишува Washington Post.
Доналд Трамп помладиот објави неколку електронски писма од јуни 2016 година кои покажуваат дека се согласил да се сретне со жена за којашто му било кажано дека е правна застапничка на руската влада и којашто може да поседува материјали коишто можат да ѝ наштетат на демократската претседателска кандидатка Хулари Клинтон во битката со неговиот татко.
Весникот пишува дека советниците на Трамп го разгледувале тоа откритие и се согласиле дека Трамп помладиот треба да даде точна информација за тој настан, така да „подоцна не може да се случи да биде доведен во прашања (неговиот исказ) доколку се појават дополнителни поединости“.
Претседателот Трамп, која на 8 јуни беше на пат во Германија, го променил тој план и „лично ја издиктирал изјавата во којашто Трамп помладиот рекол дека со руската адвокатка примарно разговарал за програмата за усвојување на руски деца“, пишува WP повикувајќи се на неименувани извори.
Изворите рекле дека во авионот Трамп бил „зафатен со работата на изјавата на синот“ и оти му ја диктирал на советнкот за комуникации Хоук Хикс. Неколки часа подоцна претставници на Трамп помладиот ја предале изјавата во четири продолженија во весникот New York Times.
Се наведува и дека во соопштението тогаш испратено до New York Times, кој се подготвивал да ја објави сторијата, е нагласено дека темата на средбата „не била предмет на кампањата во тоа време“.
Адвокатот на Трамп, Џеј Секулов, изјавил дека одговорот на текстот на WP напишал „Освен што се небитни, описите се погрешни, неточни и не се релевантни“. Адвокатот на Трамп помладиот, пак, Алан Футерфас рекол дека тој и неговиот клиент биле „потполно подготвени да дадат целосна изјава“. За учеството на претседателот во подготвувањето на изјавата тој одговорил дека не располага со „докази во прилог на таа теорија“.
„Останува нејасно колку претседателот знаел во текот на летот за средбата на Трамп помладиот“, пишува Washington Post.
Дејвид Склански, професор по кривично право од правниот факултет при универзитетот Станфорд, изјави дека Трамп доколку помогнал во составувањето на неточно соопштениет за средбата, го зајакнал можниот предмет против себе за попречување на правдата. За да подигнат обвинение за попречување на правото, сојузните иследници мора да докажат дека лицето дејствувало со таква намера, а соопштението дека свесно доведува до заблуда може да се користи како доказ во тоа, вели Склански.