Александар Обрадовиќ, поранешниот директор на ЕПС (српското електростопанство), кој е сменет во март минатата година поради измами во тоа претпријатие, побарал државјанство од премиерот на Македонија Зоран Заев, дознава Информер.рс.
Како што пишуваше Информер и порано, Заев покрај сопственикот на српски Курир, Александар Родиќ, во кампањата за преземање на премиерското место го ангажираше и Обрадовиќ, на кого според одредени извори му ветил директорско место во ЕЛЕМ.
Родениот Белграѓанец, нема баш никакви врски со Македонија, Обрадовиќ до министерството за внатрешни работи на Македонија, побарал државјанство по итна постапка, а барањето е оценето позитивно и проследено до владата на усвојување.
Во образложението на одлуката, МВР се повикува на членот 11 за државјанство, во кои стои дека лица може да се стекне со статус државјанин на Македонија ако тоа претствавува посебен научен, економски, културен и спортски национален интерес, пишува Информер.
Сега се поставува прашањето како овој човек може да претставува некаква помош за Македонија во кое било од овие полиња, ако се знае дека неговото минато е полно со скандали, криминали и неуспеси.
Во поплавите во Колубара кога беа поплавени багери во басенот за јаглен, поради тоа што претпријатието кај што тој беше директор не ги осигурало истите, компанијата изгубила скоро 300 милиони евра.
Иако истакнат член на партијата на Александар Вучиќ, Обрадовиќ беше променет од директорската функција поради своето однесувањето, како што пишува Блиц.рс. капката која ја прелила чашата било купувањето на два автомобили марка Ауди, во време кога во Србија имаше мерки за штедење.
Најголемите афери на Обрадовиќ
1.Невниманието го плаќаат граѓаните на Србија.
Не ја осигурал компанијата од поплави, што се покажа погубно во мај 2014 година, кога цела Србија беше под вода. Меѓу нив биле и „Електростопанство Белград“, хидроелектраната „Џердап“ и „Југоисток“, а РБ „Колубара“ претрпе најголема штета, проценета на 100 милиони евра, додека вкупната е повисока од 300 милиони евра. Тие имале полиси кај „Дунав осигурување“ или кај ДДОР Нови Сад, кои не покривале поплави.
2.10 милиони евра за советници, во време кога компанијата имала загуби
Во средината на 2013 година Обрадовиќ и покрај загубите на компанијата од околу 20 милиони евра, распиша тендер за ангажирање на осум консултантски куќи за кои беше спремен да плати околу 10 милиони евра. Обрадовиќ барал советници кои би му помогнале во работите кои можеле да ги покријат 600 директори, колку ги имаше тогаш во ЕПС.
3.Судир на интереси
ЕПС милионски вредна зделка ја додели на чешката филијала на консултантската фирма „Артур Д.Литл“ во која Александар Обрадовиќ претходно со години работел. Зделката ја добија иако нивната понуда не била најповолна. Истовремено, тендерот бил распишан динари, но ЕПС на Чесите им склопиле работа во девизи, поради што само на курсните разлики ЕПС платил 10 милиони динари повеќе отколку што во јавниот повик било прецизирано.
4.За логото на ЕПС 42 милиони динари
За промена на визуелниот идентитет на ЕПС издвои нешто помалку од околу 42 милиони динари. За логото 21 милион, а за маркетиншката кампања 20,9 милиони динари.
5.Дипломатски скандал со Кинезите
Во текот на самитот на Кина и 16 држави од централна и источна Европа во Белград предизвика дипломатски скандал. Јавноста дознала од СМС преписки на Обрадовиќ со Горан Ѓоковиќ (чичкото на Новак Ѓоковиќ) дека кинескиот амбасадор Ли Мачан бесен излетал од зградата на Владата на Србија, кога дознал дека Србија сака да го менува договореното.
6.Разонода за директорите
Раководителите на ЈП ЕПС, во ноември 2015 година потрошиле скоро четири милиони динари на организирање стручен собир во хотелот „Извор“ во Аранџеловац. Собирот „Корпоративно управување“ траел три дена, а хотелот е избран без тендер.
7.ЕПС ги заобиколил правилата
ЕПС се обиделе да ги заобиколат правилата за заштита на животната средина на Светскта банка и така да добијат 30 милиони долари за испумпување вода од ископините на јаглен кај Лазаревац. Светскта банка поради тоа ги стопирала преговорите, па и целиот и целиот процес на испумпување вода каснел.
8.ТВ ѕвезда
Ја смени главната соработничка за односи со медиумите, затоа што не успеала да ги сопре текстовите на „Блиц“ во кои тој бил главен актер. Неа на местото шеф на Секторот за односи со медиуми, ја замени познатата ТВ ѕвезда, поранешна уредничка и водителка на Телевизија „Прва“, Звездана Јовановиќ Поповиќ.
9.Луксузно летување
Покрај упорните повици од тогашниот премиер не само граѓани и политичарите да ги остават парите за летување во Србија, Обрадовиќ одмараше во луксузниот хотел „Регент Порто Монтенегро“ во Тиват, место кое го нарекуваат „црногорско Монако“. Преноќување во овој хотел чини околу 1000 евра.
10.Љубител на естрадата.
Александар Обрадовиќ на почетокотна својот мандат покажа склоност кон естрадните и познати личности. Имено, тој како свој асистент ја вработи Драгана Милошевиќ, која на таа функција дошла со искуство на балерина во емисијата на продукцијата Гранд. Претходно волонтирала во информативната служба на СНС.
Гласно се поставува прашањето со што овој човек кој нема никакви корени од Македонија, а државјанството на нашата држава го добива според членот 11 стои дека лица може да се стекне со статус државјанин на Македонија ако тоа претствавува посебен научен, економски, културен и спортски национален интерес. Со оглед на минатиот труд кој го има Обрадовиќ прашање е дали нешто во него може да има посебен национален интерес.
Исто така, отворено се поставува прашањето дали навистина тој ќе стане директор на ЕЛЕМ, поради ветување од Заев. Човекот кој го уништи српското електростопанство, можеби сега ќе биде директор на македонското.