Медиумите открија два прекара на Сирски во украинската војска

Украинските војници на новиот врховен командант на украинските вооружени сили Олександр Сирски му ги дал прекарите „месар“ и „генерал 200“ поради загубите што ги претрпеа единиците под негова команда, пишува Politico, цитирајќи свои извори.

Неговото назначување веројатно нема да има позитивен ефект за Украина, бидејќи Сирски оние на првите борбени линии го гледаа како строг генерал од советски стил кој бесчувствително ги става во опасност своите луѓе, пишува Politico.

„Украинските трупи му дадоа на Сирски ужасен прекар: Месар“, се вели во објавата во која се цитира неименуван украински воен извор.

Друг соговорник, капетан на вооружените сили на Украина, потврдил дека овој прекар му бил доделен на новиот врховен командант. Тој, исто така, истакнал дека Сирски го нарекуваат „Генерал 200“ според ознаката „Товар 200“, шифра за загинати војници.

Според капетанот соговорник на Politico, назначувањето на Сирски на оваа позиција е „многу лоша одлука“.

Како што забележува изданието, новиот врховен командант е крајно непопуларен меѓу воениот персонал, и го сметаат за командант кој безобѕирно ги изложува своите подредени на опасност на бојното поле. Познат е по тоа што упорно и покрај големите загуби и советувањата на западните сојузници ги водел украинските трупи во „мелницата за месо“ во битката за Бахмут, утврдениот град на истокот на Украина кој по повќемесечни тешки борни со десетиции илјади жртви на двете страни во мај 2023 година сепак го заземаа руските сили.

Во исто време, пишува весникот, следните постапки на Валерик Залужни, претходникот на Сирски, се нејасни; тој има многу опции, откако во четвртокот украинскиот претседател Володомир Зеленски објави дека нов тим го презема водството на Вооружените сили на Украина, а Олександр Сирски е назначен за главен командант на украинските трупи.

Сирски во петокот, на првиот ден од извршувањето на новата должност во своето прво јавно обраќање изјави дека вооружените сили на Украина „мора да се прилагодат и да најдат иновативни начини за борба за да ги поразат руските освојувачи“.

Генерал-полковник Олександр Сирски, поранешен командант на копнените сили, во четвртокот беше унапреден во врховен командант на вооружените сили на Украина ѝкоја има активен состав од 800.000 војници, во најголемата промена во военото раководство од почетокот на војната и за време на тежок период.

„Само промените и постојаното подобрување на средствата и методите на војување ќе овозможат да се постигне успех на овој пат“, напиша Сирски во објавата на Telegram, издвојувајќи ги беспилотните летала и електронското војување како примери на нова технологија што ќе ѝ помогне на Украина да победи.

 

Министерот за одбрана Рустем Умеров рече дека го претставил Сирски во Генералштабот и ветил „секаква можна поддршка за акциите и одлуките на командата на украинските вооружени сили“. „Одбраната е во добри раце“, порача Умеров на Facebook.

Промената на командантите доаѓа во тежок момент за Украина, која не успеа да оствари никакво напредување од крајот на 2020 година и сега се соочува со потенцијален прекин во снабдувањето со воена помош од САД, нивниот најголем поддржувач.

Руските сили сега се во офанзива преку линијата на фронтот и постепено без премногу жртви продираат во градот Авдивка, кој изминатите десет години години е претворен во воено утврдување, со оглед на стратешката позиција што ја има меѓу централните делови на Украина и отцепените источни региони.

Како копнен командант, Сирски ја водеше одбраната на главниот град на Украина на почетокот на руската инвазија, а откако руските сили според договорот за постигнување мир во Истанбул во март 2022 година се повлекоа од непосредната околина на Киев и Харков, заземањето на тие оставени североисточни области беа прикажани како двата најголеми успеси од првата година од војната.

Сепак, многу украински официри и војници го критикуваа Сирски за неговото подоцнежно водство за време на долготрајната одбрана на Украина на источниот град Бахмут, каде што илјадници војници од елитните украински единици загинаа попусто пред да дојде наредбата за повлекување.

Зеленски во својата вчерашна најава рече дека Сирски ќе претстави нов тим за да ја „ресетира“ армијата.