Причината за падот на социјалните мрежи на технолошкиот гигант „Facebook Inc“ навјеројатно е грешка во конфикугаријата на серверските компјутери, пишува весникот The New York Times повикувајќи се на експерти за кибернетичка безбедност.
„Експери од сферата на безбедноста рекоа дека проблемот најверојатно произлегува од … погрешна конфигурација на серверските компјутери на Facebook, којашто ги оневозможувала корисниците да се порвзата кон.. сајтовите како на пример , Instagram и WhatsApp“, објави електронското издание на NYT ноќта кон вторникото по македонско време.
Се додава дека компанијата сѐ уште не ги потврдила причините за падот на мрежите. Претходно NYT ја пренесе објавата на техничкиот директор на „Facebook Inc“, Мајк Шрепфер, според кого причината веројатно се мрежни проблеми.
Новинарот на весникот Мајк Ајзак тогаш објави дека од компанијата „испратиле мал тим експерти во еден од своите центри за обработака на податоци во американската сојузна држава Калифорнија, за да се обиде рачно да ги рестартира серверите по повеќе од петчасовниот пад на мрежата“.
Мрежите исчезнаа бидејќи корисниците не биле насочувани на вистинското место преку ткн DNS системот чиишто поставки ги контролора Facebook. Тоа укажува дека проблемот е внатрешен, додека надворешен упад се чини помалку веројатен, пишува Reuters.
Од Facebook признале дека имале проблем со пристапот до нивните апликации, но не навеле никакви поединости за карактерот на проблемот и ли за тоа колку врз нив влијаел прекинот на фунцкионирањето.
Вработен во Facebook рекол за Reuters дека сите интернки алатки биле вон употреба. Одговорот на компанијата бил значително отежнат, бидејќи вработените во гасењето на проблемот ги загубиле некои од сопствените алатки, рекле упатени извори.
Портпаролот за социјалната мрежа потврдил дека услугите полека се воспоставуваат, но истакнал дека ќе биде потребно извесно време за потполно да се стабилизираат.
Исчезнувањето на врската беше втор удар за гигантот на социјалните мрежи во неколку дена, откако „свиркач“ во недалата ја објави компанијата „Facebook Inc“ дека зачестено дава предност на добивката наместо на сузбивање на омразата и ширењето дезинформации.