Сомнежот за необјаснетото повеќенеделно отсуство во јавноста на кинескиот министер за одбрана Ли Шангфу се продлабочи во петокот, откако некои западни медиуми објавија дека тој бил предмет на истрага а американски дипломат го постави шпекулативното прашање дали е во домашен притвор.
Шеесет ипетгодишниот Ли Шангфу не присуствувал на предвидените состаноци со виетнамскиот и сингапурскиот министер за одбрана последните седмици. Последен пат во јавност е забележан на 29-ти август во Пекинг, кога одржал предавање на безбедносен форум со африканските земји.
Американската администрација верува дека Ли е ставен под истрага, извести во петокот весникот The Financial Times повикувајќи се на американски функционери. Исто така, главно деловниот дневен весник The Wall Street Journal, повикувајќи се на анонимни извори, наведува дека кинескиот министер за одбрана минатата седмица бил одведен на испитување и оти е отстранет од должноста.
„1. Министерот за одбрана Ли Шангфу никој не го видел. ниту слушнал за него 3 седмици. 2. Не се појави во текот на неговото патување во Виетнам. Сега: Отсутен е од закажаниот состанок со командантот на сингапурската морнарица бидејќи е ставен во домашен притвор???“, напиша на мрежата Х Рам Емануел, апмабсадорот на САД во Јапонија.
На прашањето на новинарите на редовниот дневен брифинг во петокот дали Ли е под истрага, портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг одговори дека „не е запознаета со релевантните информации“.
Отсуството од јавноста на Ли Шангфу следи по официјално необјаснетата смена на министерот за надоврешни работи Чин Ганг во јули ни половина година откако беше именуван и смената на целото водство на елитните Ракетни сили на Народноослободителната војска.