Медиумски кукавици и кримоси

Почитувани,

Најава за следни „рударски“ колумни

Во следните колумни има да ги разобличам сите противници на инвестициски бум од повеќе милијарди евра, кои само од себични и лукративно-сталинистички причини (во опсег се академици, министер и политичари (не и Премиерот и Опозиција), лажни еколози и стручни лажговци) кои во содејство со соодветна источна безбедносна служба не’ лажат дека е загрозено земјоделието и животот на граѓаните. Мојата девиза е: „Секое дете е злато за Македонија“.

Продожуваме

Значи нема понеодговорни личности од одредени политичари и новинари. Ваквите личности се зависници од „Допамин“ ама на погрешен начин. „Допамин се стекнува со смеење, вежбање или секс. Овој хормон ја контролира улогата на награда во мозокот“. Зависноста од допамин ја стекнуваат со негативност и сензација со јавноста од типот: „А, виде шо им кажав“?

Искрена порака за човечност

Случајот Онкологија е класика. Со нивните изјави омаловажија две госпоѓи: Манолева и Клисарова. Овие госпоѓи се наоѓаат на исклучително тешки позиции, заменик министер за Здравство и директор на Онкологија. И двете се снаи во исклучително еснафски фамили. Едната од Струмица, другата од Скопје. Овие дами очигледно е дека си ја работеле работата и откриле низа на неправилности. Ама не, зошто да бидеме човечни кога можеме да бидеме невоспитани човечки суштества. Затоа ги повикувам јавно сите нормални политичари и новинари да внимаваат со изјавите и да дадат целосна подршка за комплетно расчистување на ова садистичко однесување на одредени поединци. А, на последниве им порачувам: „Господ е голем, можеби мислите дека не постои, а Вие сте го опцуле. Амин“.

Во контекст на блиската иднина.

Јавно го повикувам Бојан Маричиќ да внимава кого слуша за односот медиуми и избори. Моменталното решение е чиста ДИСКРИМИНАЦИЈА.

Со медиумите се отвараат и затвораат преговорите за Европската Унија. За жал Маричиќ нема реална слика за оваа дејност. Најверојатно го заборавил зборот ДИСКРИМИНАЦИЈА.

Медиумите идат под строга контрола со најстрогите правила за слобода на говор и дејствување. И додека медиумските кримоси пробуваат да го дешифрираат овој дел јас одам веднаш понатаму, а се’ со цел да бидеме европска елита посебно во практицирањето на демократијата поврзана со изборите и медиумската слобода, а најмногу на синдикалните права и борба против ДИСКРИМИНАЦИЈА:

  • Имам право да ме бираат и имам право на рамноправен пристап до медиумското претставување како големите така и ние најмалите, а за да се чувствуваат сигурно, ГРАЃАНИТЕ
  • Вештачката интелегенција мора да биде строго регулирана, со делумно дерегулирање на работните односи во ЕУ.

ПРЕПОРАКА за Бојан Маричиќ: Слушај еден самостоен извор од господин и дама ако сакаш барем нешто да научиш како да избегнеш ДИСКРИМИНАЦИЈА кон демократијата. Патем го повикувам нашиот Маричиќ ако му е непријатно да ме види овака, да дојде на разговор кај Пуно кога сака. Ќе го викнеме и Трендо. И онака тука живееме во близина.

За да научи нешто, ќе мора да ја прочита колумнава до крај посебно делот со Сметководствената комора.

Продолжуваме:

Самото раководство на СДСМ можам да ги наречам дека се повеќе од обични кукавици. Бидејќи немаат ниту тронка храброст да го превземат товарот на нивните ветувања кои преминаа во измами. Осум години не’ убедуваат дека морало да се реформираат МРТВ и АВМУ. Тоа биле злосторнички претпријатија кои ги контролира ВМРО-ДПМНЕ. И тоа за некого е во добар дел вистина кога станува збор за нивните директори, бидејки едниот е по политиката како кременадла на скара, а другиот има путер на глава кај сериозни луѓе блиски на врвот на ВМРО-ДПМНЕ. Така да другари од СДСМ шест години ја практицирате власта. А, директорите се исти. Кои според Вас, и двајцата се крвници на медиумите. Еве пак да ги кажам:

  1. Маријан Цветковски – МРТВ
  2. Зоран Трјачевски – АВМУ

А, дали овие двајца се крвници да дадеме одговор како што заслужуваат и Кукавиците и Кримосите за медиуми од СДСМ и останатите ние.

Маријан Цветковски или познат како Шојка, има направено две клучни работи за развојот на медиумската индустрија, а „идиотиве експерстки“ немаат капацитет да разберат:

  1. Интернетот го официјализира како реален пренос на сигнал
  2. Дополнителни програмски сервиси се реалност согласно одредбите на ЕУ, а другите медиуми се заглавени во 2005 година

Ама има една мана, сака да биде вечен директор. Па, друже стар. Па, не си Тито. Зошто едноставно не си одиш како господин. Дај си одма оставка. Не треба мене да ми веруваш. Прашај кај една личност. Се сеќаваш кога те запознав одамна. И тоа во АБЦ тениско. Личноста во тренерки, а ти од кај премиерот. Ќе ти го каже истото. Нема ништо вечно.

Зоран Трајчевски е приказна сам за себе. Го сметав за голем експерт кој е иновативен и дека ќе допринесе за развој. Еве ги неговите резултати:

  1. Канал 5 или Сител немаат дополнителни канали. Музички, детски, филмски итн.
  2. Од голем Македонец дозволи сите спортски канали да се коментираат на јазици од Србија и Хрватска. Причината е едноставна која го води кон национален предаввник, а јас размислувам гласно и прашувам: Или е Психички нестабилен или зема соодветен паричен надоместок?
  3. На БОКИ 13 он лично му ја отвори телевизијата (надвор од сите научни и интелектуални информации), за да можат кримосите на СДСМ да почнат со својот рекет кон сите богати луѓе (Пелистерка, Систина и останати)
  4. ЖАЛНО. Дали е се’ за пари другар Зоран Трајчевски? Обвинителите се глупи за оваа дејност. Исто и секторот за авторски права при Организиран Криминал на МВР.

Заклучокот е следен: Дека медиумските Кукавици и Кримоси сега сакаат да се премостат кај ВМРО-ДПМНЕ. Ве знам сите. Нема кај да одите. Има да одговарате за секој денар што го земавте под рака.

Вие знаете само за ДИСКРИМИНАЦИЈА.

Некорумпиран Колумнист Виктор Грозданов.

Автор: Виктор Грозданов за НетПрес