Медот е најдобар пријател кога е во прашање негата за кожа, бидејќи ги намалува иритациите, ги убива бактериите, негува и храни, а сето тоа го прави на природен начин, без никакви хемикалии.
Еве неколку совети како можеш да се искористи медот во секојдневните рутини за убавина.
Усни
Медот може да послужи како третман за испукани усни, а доколку се измеша со малку шеќер, може да се направи природен пилинг за усни.
Мозолчиња
Медот ги убива бактериите кој е прекрасен во борбата со мозолчињата. Доколку до сега на мозолчињата сте ставале паста за заби – земете ја со мед и нанесете ја директно на проблематичното подрачје. Медот нема претерано да ја исуши кожата, како што го прави тоа пастата и ќе се избегне појавата на долготрајни белези.
За да се спасите од мозолчиња, измешајте мед со лимонов сок и смесата ставете ја на деловите на лицето кои се полни со мозолчиња. По половина час измијте се со млака вода, а третманот повторете го два пати неделно.
Белези
Органскиот мед помага белезите побрзо да зараснат. Исчистете го делот од телото на кој се наоѓаат белезите и намачкајте ги со мед. Доколку можете, пуштете ги да делуваат неколку часа. Белезите нема во потполност да исчезнат, но со текот на времето ќе бидат помалку видливи.