Медведев: 9,4 милијарди долари за истражување на нафта и гас

За геолошки и истражувања на минерални ресурси, Русија планира до 2020 година да издвои најмалку 320 милијарди рубљи (9,4 милијарди долари), изјави синоќа рускиот премиер Дмитриј Медведев, пренесе медиумите.

Според нивните анализи годишниот раст на истражуваните наоѓалишта од 2005 година го надминува нивото на нивно производство, но целта е и другите природни ресурси да достигнат слични показатели.

„Минатата година за геолошки истражувања од сојузниот буџет издвоени се над 32 милијарди рубљи. Оваа година за таа цел се планира да се одделат 35 милијарди рубљи“, истакнал Медведев.„ Тоа се многу значајни средства и ги насочуваме во истражување на перспективни региони, каде шансите за откривање на големи и значајни наоѓалишта се најголеми“, укажал тој на владината седница.