Медведев: Британските функционери кои ја помагаат Украина се легитимни цели

Поранешниот руски претседател и премиер а сега втор човек на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, повтори во средата дека Обединетото Кралство е „вечниот непријател“ на Русија и ги предупреди сите британски функционери кои разузнавачки и воено ја помагаат Украина во војната, особено во нејзините напади на руската територија, може да се сметаат за легитимни воени цели.

Коментирајќи ја изјавата на британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли дека Украина има право да нападне цели на руската територија поради самоодбрана, потврди дека британските „глупави функционери“ би требало да се сетат дека Велика Британија би можела да биде „оквалификувана како да е во војна“. Изјавата имплицира дека во тој случај легитимни би биле и руски воени акции врз британски цели.

„Глупавите функционери на Велика Британија, нашиот вечен непријател, мора да запаметат дека во рамките на општопризнатото меѓународно право коешто го регулира водењето војна во современи услови, вклучително и Хашката и Женевската конвенција со нивните дополнителни протоколи, нивната ситуација може да биде квалификувана како да се во војна“, објави Медведев на Twitter.

„Велика Британија дејствува како сојузник на Украина, давајќи ѝ воена помош во опрема и стручњаци, односно дефакто води необјавена војна против Русија“, појаснува Медведев.

„Во тој случај, кој и да е од нејзините јавни функционери (било војни, било цивилни, кои ја помагаат Украина во војната) може да се смета за легитимна воена цел“, предупредува Медведев.