Поранешниот руски претседател и премиер, актуелен заменик на претседателот на националниот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, предупреди дека обидите на Западот да продолжи со притисокот и казнување на нуклеарна сила како Русија под изговор за војната во Украина, може да го загрози целото човештво.
Русија тврди дека нејзината воена интервенција од 24-ти февруари во Украина е превентивна реакција на плановите на Украина поддржана во прв ред од САД на 8-ми март да изврши офанзива за воено решение на украинската граѓанска војна започната по превратот во Киев во март 2014 година и да го протера руското и рускојазичното населени од самопрогласените ткн „народни републики“ во Доњецк и Луганск.
Операциите на Москва во Украина ги предизвикаа најголемите тензии во односите меѓу Русија и Западот од 1962 година, и Кубанската криза кога САД реагираа на обидот тогашниот СССР на карипскиот остров да распореди балистички ракети, а за што сега слично реагира руската страна, на амбициите на Киев да влезе во НАТО. Сега ткн колективен Запад реагираше со наметнување на нови сеопфатни санкции против Русија, коишто, како што опиша шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, ја спуштиле новата „железна завеса“ меѓу двете страни.
„Апсурдна е помислата за казнување на земја која е една од најголемите нуклеарни сили и потенцијални го загрозува човештвото“, изјави Медведев на својот Telegram канал.
Русија и САД контролираат околу 90 отсто од светските нуклеарни боеви глава, а секоја во своите воени залихи има по 4.000 глави, според официјални податоци на Федерацијата на американските научници.
Медведев ги прозва САД за пролевање крв ширум светот, од убивање на автохтоното американско население, американските нуклеарни напади врз Јапонија во 1945 година што е првото и досега единствено користење на нуклеарно оружје во историјата, до водењето на стотиците војни низ светот од Виетнам до Авганистан, Либија, Ирак и Сирија.
Обидите да се искористат судовите за истражување на руското дејствување во Украина би било, додава Медведев, попусто и би можело да предизвика глобална девастација.