Медведев: Експлозијата на Кримскиот мост е терористички акт од криминалниот режим во Киев

Единствениот начин на кој Русија може да одговори на нападот на Украина врз Кримскиот мост е со елиминирање на виновниците кои ја организираа експлозијата, изјави во неделата поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев.

Во интервју за руските медиуми, Медведев, кој сега е заменик-шеф на Советот за безбедност, јасно стави до знаење дека не се сомнева кој стои зад експлозијата што ја погоди стратешката врска меѓу рускиот полуостров Крим и копното на земјата.

„Ова злосторство беше нарачано и извршено од пропаднатата држава Украина. Ова е терористички акт и саботажа извршени од криминалниот режим во Киев“, рече тој, додавајќи дека властите веќе дошле до заклучок.

„Рускиот одговор на ова злосторство може да биде само елиминација на терористите. На начин кој е прифатен во светот“, повтори тој.

Во неделата, рускиот претседател Владимир Путин тврдеше дека украинското разузнавање стои зад смртоносниот напад на мостот кога се сретна со шефот на националниот истражен комитет, Александар Бастрикин.

Бастрикин, објави дека „ова бил терористички чин организиран од украинските безбедносни служби“, чија цел била да се уништи големата цивилна инфраструктура.

Во саботата, два американски медиуми, Њујорк тајмс и Вашингтон пост, повикувајќи се на извори, исто така тврдеа дека експлозијата била организирана од украинските разузнавачки служби.

Во исто време, украинските власти не презедоа одговорност за нападот, но ја поздравија експлозијата, а помошникот на претседателот Владимир Зеленски, Михаил Подолијак, рече дека тоа е „само почеток“, додавајќи дека „се што е нелегално мора да биде уништено. .“

Силната експлозија го потресе мостот рано утрото во саботата, при што загинаа најмалку три лица и предизвика делумно уривање на делот од патот, како и пожар на паралелна железничка пруга каде се запалија седум цистерни со гориво. Експлозијата доведе до привремен прекин на патниот и железничкиот сообраќај, иако и двата беа обновени до саботата навечер.