Медведев: Испораката на оружје за Украина ги спречува преговорите и претставува опасност од глобална нуклеарна катастрофа

Поранешниот руски претседател и премиер а сега втор човек на националниот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, во објава во понеделникот предупреди дека континуираното снабдување од страна на Западот со оружје на Украина претставува опасност од глобална нуклеарна катастрофа, што на Запад се доживува како негова нова закана со нуклеарна војна поради Украина иако неговите предупредувања се упатени поради „директното“ западно учество во руско-украинската војна.

Апокалиптичната реторика на Дмитриј Медведев се смета за обид за одвраќање на западниот воен сојуз НАТО предводен од САД и западните сојузници на Украина од уште поголемо вклучување во војната, пишува Reuters./

Се потсетува дека последната изјава на Медведев доаѓа откако минатата седмица рускиот претседател Владимир Путин порача дека руската армија ќе ги продолжи нуклеарните проби доколку тоа први го направат САД и откако во неделата потенцираше дека политиките на колективниот Запад во текот на многу децении претставува егзистенцијална борба за опстанок на Русија и на рускиот народ.

„Секако трупањето оружје може да продолжи… и да спречи секаква секоја можност од заживување на преговорите“, вели Медведев.

На почетокот од април минатата година властите во Киев го прекинаа мировниот договор кој го иницираа самите тие. На крајот од март по преговорите во Истанбул беше објавено дека двете страни дошле до моментот на финализирање на одредби од потенцијалниот договор. Меѓутоа, како што потоа пишува и самите украински и западни медиуми а турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган обвини „некои земји од НАТО“, Киев се повлече од преговорите по ненадејните посети на тогашниот британски премиер Борис Џонсон и американскиот министер за одбрана Лојд Остин.

„Нашите непријатели го прават токму тоа, не сакаат да сфатат дека нивните цели сигурно ќе доведат до тотално фијаско. Загуба за сите. Колапс. Апокалипса. Кога со векови ќе заборавате на својот некогашен живот, сѐ додека урнатините не престанат да емитираат радијација“, пишува Медведев.

Зборувајќи на маргините на Советот за човекови права на Обединетите нации во Женева, француската министерка за надворешни работи Катрен Колона ги отфрли изјавите на Медведев како „запалива реторика“.

„Господинот Медведев за жал нѐ навикна на неодговорни, нечуени изјави кои на ниеден начин не ја одразуваат стварноста… Оваа е запалива реторика без којашто би биле задоволни“, рече Колона во чијашто земја во неделата се одржаа масовни протести со блокирање на компаниите кои извезуваат оружје во Украина и со барање Франција да истапи од НАТО.