„Имаме доволно резерви, доволно гас за испорака и на исток и на запад. Но, во најлош случај, теориски гледано, гасот кој не би било испорачан во Европа би можел да се пренесе во Кина“, рекол Медведев во интервју за новинската агенција Блумберг.
Медведев подвлекол дека таа можност за сега е ислучиво „теориска“.
Рускиот премиер дал интервју додека претседателот на Русија, Владимир Путин во Кина, во Шангај.
Путин вчера рекол дека е блиску до склучување на споразум за гас со Кина, што би и овозможило на Русија да има повеќе извозни траси, а Кина да ги покрие своите потреби за енергија.
Споразумот се подготвува десет години и предвидува испорака од скоро 70 милијарди кубни метри гас во текот на наредните 30 години.