Медведев објаснува зошто инвазијата на Русија во Украина е „специјална операција“ а не војна

Руските дејствија во Украина не се војна, туку специјална операција, бидејќи тие се ограничени во целите и притоа се уништуваа само воената инфраструктура, вели поранешниот премиер и претседател а сега челник на рускиот Совет за национална безбедност, Дмитриј Медведев во интервјуто за катарската телевизија Al Jazeera.

„Тоа е навистина специјална воена операција. Тоа што се случува таму (во Украина) се одвива по одредено сценарио. Претседателот (Владимир Путин) објави дека имаме две цели кои неопходно мора да бидат постигнати. Првата е да ги заштитиме граѓаните на Доњецк и Луганск, од кои многумина се и граѓани на Руската Федерација, речиси милион. Втората е да се уништи милитаристичката машинерија и да се изврши денацизација на овие региони, за да нема националисти коишто промовираат целосно антируски русофобен курс и се обидуваат да го спротистават Русија и Украина. Затоа целите на оваа операција се ограничени“, рече Медведев.

Истакна дека „оваа операција се спроведува главно со високопрецизно оружје, се гаѓаат и уништуваат само воени објекти“.

„Руската војска се стреми да ги минимизира ризиците за цивилната инфраструктура. Ние не се обидуваме да дејствуваме на таков начин, што сѐ што се случуваше се однесуваше само на Вооружените сили на Украина, а затоа она што го спроведуваат на нашите сили и го доби називот специјална воена операција“, вели челникот на рускиот Совет за безбедност.

Медведев притоа рече дека како земјите од НАТО предводени од САД всушност ја испровоцирале руската операција и повеле против Русија таканаречена прокси-војна којашто вклучува снабдување на Украина си огромни количества оружје.

„Тие (Западот) даваат сѐ од себеси за да го поддржуваат милитаристичкото настроение, милитаристичката заблуда, со цел Украина да се бори за нивните интереси до последниот Украинец. И од очигледни причини во овој случај не трпат ниту интересите на САД, ниту на Европа. Шест милиони луѓе веќе ја напуштија Украина, а значителен дел одговорноста за ова што се случува сега ја понесуваат овие земји“, рече Медведев