Ние го штитиме рускиот народ од заканите на тероризмот, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев.
Тој изјави денеска дека издвојувањата за армијата на државата се оправдани и неопходни, вклучително и финансиите за мисијата во Сирија чија цел е заштита од тероризмот, пренесува МИА.
Ние го штитиме рускиот народ од заканите на тероризмот бидејќи подобро е да се прави тоа надвор отколку да се бориме со тероризмот во нашата држава, изјави Медведев во интервју за ТВ Росија 24.
Рускиот премиер истакна дека финансиите за армијата се оправдани во моментната ситуација во државата, но и за реформа на оружените сили на Русија.
Тие буџетски издвојувања се сосема доволни за спроведување на одредени воени мисии како што е руската вона мисија во Сирија, додаде Медведев.
Руското МО соопшти во средата дека почнале со воени удари од воздух врз позиции на Исламска држава во Сирија.