За Русија Украина е и’ ќе остане најважниот трговски партнер, изјавил премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, пренесува „ИТАР-ТАСС“.
„Многупати сум изјавувал дека Украина е и’ ќе биде многу важен трговско-економски партнер за Русија.Токму со овие прашања треба да се занимава Владата, а ќе ние следиме како ќе се развива ситуацијата“, истакнал Медведев.
Премиерот додал дека двете страни се обврзани со договорите потпишани во декември минатата година, што досега не се променети.