
Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев смета дека одлуката на украинското раководство да го одложи потпишувањето на договорот за асоцијација со Европската унија, е донесена во согласност со Уставот на земјата и не го нарушува законодавството, а исто така се базира врз пресметки на добивките и загубите од превземање на таков чекор, пренесоа локалните медиуми.
„Тие направија калкулации и заклучија дека во моментов не се подготвени за тоа. Поради оваа причина најверојатно се одлучиле за секој случај да го одложат потпишувањето на соодветниот документ. Тоа е нивно внатрешно прашање“, изјави рускиот премиер.