Глупаво е да се верува дека западните санкции против руските компании би можеле да имаат каков и да е ефект врз руската влада, порача во петокот поранешниот претседател и премиер, сега заменик на претседателот на влијателниот национален Совет за безбедност, Дмитриј Медведев.
„Санкциите само ќе го консолидираат руското општество, а нема да предизвикаат незадоволство од властите“, вели Медведев во интервјуто за руската новинска агенција РИА.
Три четвртини, односно 74 отсто, од Русите веќе ја поддржуваат „специјалната воена операција за демилитаризација и денацизација“ во Украина, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мениени спроведно од инстутутот ВЦИОМ објавени во средата.
Западот воведе нова серија жестоки санкции против Русија по нејзината офанзива во Украина, но и еден месец по нејзиниот почеток Москва најавува дека ќе продолжи со операцијата додека не ги оствари своите цели за „демилитаризација и денацизација“ на соседната земја.
Некои од санкциите се особено насочени на стратешките компании во финансискиот и технолошкиот сектор, како и кон луѓе за кои се тврди дека се блиски до рускиот претседател Владимир Путин, а намерата е да се предизвика револт меѓу Русите што би довело до негово соборување од власт.
„Да се запршаме: можат ли некои од овие големи претприемачи да има и најмало влијание врз поцицијата на водството на земјата? Отворено ви велам: не, нема шанси“, вели Медведев.
Го посочи споменатото истражување на јавното мнение во Русија, според коешто 74 отсто од Русите сега ја поддржуваат одлуката за воената операција, наспроти 65 отсто на самиот нејзини почеток, а Медведев додава дека уште повеќе го подржуваат претседателот Путин/.
Притоа ги критикува оние Руси коишто зборуваат и протестираат против воената опеарација додека престојувале надвор од земјата.
„Можете да бидете незадоволни од некои одлуки на власта, да ја критизирате власта, тоа е нормално. Но не можете да ѝ се спротиставувате на државата во толку тешка ситуација, бидејќи тоа е предавство“, вели Медведев.