Медведев: Западот се однесуваше кон Русија на одвратен, криминален и неморален начин

Ројтерс објави нови изјави на поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, кој сега е заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија.

Медведев рече дека Западот ја третира Русија на одвратен, криминален и неморален начин.

„И САД се обидоа да ја понижат, ограничат и уништат Русија. САД се изложени на ризик да станат последно засолниште на оние кои стануваат сенилни“, рече Медведев, пренесува Ројтерс.