Меџитлија затворена за сообраќај до 22 часот

Сообраќајот на граничниот премин Ники – Меџитлија од 10:00 часот е во целосен прекин поради протест на грчките земјоделци кои со трактори го блокираат патот.

Авто-мото сојузот на Македонија соопшти дека прекинот на сообраќајот на овој граничен премин се очекува да трае до 22 часот.