Во мегацунами со висина од 100 метри што го погоди Гренланд, загинаа четворица, а повредени се десетина лица. Уништени се 11 домови.
На 17 јуни, големо цунами го погоди Гренланд, а уништена е една цела комуна.
Повеќето цунами предизвикуваат земјотреси во трусните зони на дното од морињата. Кога ударот ќе ја крене водата нагоре, во зависност од длабочината на која се има случено земјотресот, и од неговата јачина, масата на вода која се движи може да нарасне до големина на цунами.
Најголемите земјотреси ги предизвкуваат овие убиствени бранови, а најопасен меѓу нив е магацунами. Мегацунами обично се појавува кога голем објект како вуклан ќе експлодира, или во вода ќе паднат астероиди. Таквите случувања предизвикуваат движење на огромно количество на вода.
Комбинација на такви две случувања, експлозија на вулкан и мегацунами, ја уништиле Тера, сега позната како Санторини, како и голем број острови во Средоземноото море.
Цунамито кое неодамна го погоди Гренланд, се создало така што земјотрес од 4.1 степен според Рихрер, предизвикал слечиште и голем дел од глечери и карпи со огромна брзина паднале во морето. Таа сила го придвижила цунамито кое ја погоди рибарскта населба Нугацијак.