![megan merkl i hari](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/10/megan-merkl-i-hari.jpg?resize=640%2C533&ssl=1)
Брачната двојка, актерката Меган Маркл и принцот Хари не очекувале дека никој нема да им поверува дека „бркотницата“ со папараците во Њујорк за малку ќе „завршела трагично“.
Според нив бркотницата од минатата недела со папараците во Њујорк траела скоро два часа и „речиси завршила фатално“Двојката преку својот портпарол ја информираше јавноста дека папараците два часа ги бркале низ улиците на Њујорк и дека за малку сè ќе завршело катастрофално.
Полицијата тогаш се огласи и возењето го нарече „предизвикувачки“, но изјавија дека нема инциденти, додека градоначалникот на Њујорк рече дека сè ќе се испита и дека му е многу тешко да поверува дека некој се тркал низ пренатрупани улици, во градот цели два часа.
Хари и Меган се шокирани од одговорите и реакциите на нивното „страшно искуство со бркање со автомобил“, ексклузивно открива извор во новото издание на Us Weekly.
– Тие инсистираат дека нивната приказна за бркотницата со автомобил апсолутно не била претерување, а луѓето да го кажат спротивното е толку болно и несоодветно – се додава.