Меган Маркл го навреди единствениот член на кралското семејство кој беше на нејзина страна!

Принцот Хари и Меган Маркл неодамна ги завршија последните кралски должности, поради што се мораа на кратко да престојуваат во Лондон, а Меган со своето враќање повторно предизвика хаос во кралското семејство, успевајќи да го налути и единствениот член на семејството кој отсекогаш беше на нејзина страна.

Со краткиот престој во Лондон, Меган ја растажи кралицата со одлуката малиот Арчи да остане во Канада, а набргу потоа, ја налути и Камила, која отсекогаш важеше за единствениот член на кралското семејство кој ја поддржува Меган.

Камила, по повод десетгодишнината од фестивалот Woman of the World, одржа говор кој беше договорен уште пред една година и кој за неа е од големо значење.

Токму тој ден, Меган без присуство на медиумите ја посети изложбата во Националниот Театар и фотографиите подоцна ги објави на официјалниот Инстаграм на кралското семејство.

https://www.instagram.com/p/B9ZbYJWJZvB/?utm_source=ig_embed

Камила, наводно, како што пренесува „Мирор“  сметала оти оваа посета на Меган е приватна и таа нема да објави фотографии од неа, кои се разбира веднаш станаа главна вест во сите престижни медиуми.

Поради ова, Камила и се налути на Меган, бидејќи нејзиниот долгопланиран говор падна во втор план, а Маркл повторно се наметна во центарот на вниманието.