Меган Маркл го тужи Mail on Sunday поради објавување приватно писмо

Меган Маркл, сопругата на британскиот принц Хари, го тужи весникот Mail on Sunday бидејќи објавил приватно писно, што е „незаконски“, велат нејзините адвокати.

Адвокатската канцеларија „ПSchilings“ наведе дека објавувањето на писмото претставува „кампања на медиумската група да објават лажни и делумно штетни приказни за неа и нејзиниот сопруг“. Канцеларијата додава дека трошоците за правната постапка ги плаќаат приватно војводата и војвотката од Сасекс, титулите кои ги носат принцот Хари и Меган Маркл.

Портпаролот на весникот Mail on Sunay не бил достапен за коментар за агенцијата Reuters.

Принцот Хари во образложението за подигнување на тужбата вели дека неговата сопруга „станала најновата жртва на британските таблоиди кои водат кампањи против поединци, без да размислуваат за последиците“. Потсетува на својата мајка велејќи дека веќе бил сведок на тоа што се случува кога луѓето кои ги сака ќе станата жртви до таа мерка на „стока/предмети“, што другите луѓе веќе не гио гледаат како стварна личност.

„Ја загубив мајка ми и сега гледам дека и мојата сопруга станува жртва на некои моќни сили“, изјави принцот Хари.

Принцезата Дијана загина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година кога папараците го бркаа автомобилот во кој беше таа.