Меган Меркл го откри своето потекло: Јас сум 43 отсто Нигеријка

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл во новата епизода од нејзиниот подкаст „Archetypes“ откри дека има нигериски гени. Пред неколку години направила генетски тест. Но, таа не знае на кое племе припаѓале нејзините предци и вели дека во иднина ќе се занимава со тоа прашање.

– Јас сум 43 проценти Нигеријка – и рекла Маркл на нигериската актерка Жива, која ја угостила на нејзиниот подкаст.

Актерката и рекла на Маркл дека изгледа како Нигеријка.

– Ти личиш на тетка ми Узо. „Ова е одлично“, ѝ рече Жива. Таа додала дека ова е одлична вест за нигериската заедница.

Меган Маркл и претходно зборуваше за нејзиното мешано потекло. Нејзината мајка Дорија Рагланд е Афроамериканка, а нејзиниот татко Томас Маркл е белец.