Група од петмина експерти по иконографија и вработени во македонската полиција престојуваат во Тирана заради идентификација на икони украдени во македонките цркви, а се запленти во големата акција на албанската полиција во октомври годинава, пренесува МИА.
Македонските претставници во присуство на oбвинител во просториите на Нацоналната галерија идентидикувале најмалку 20 икони кои се украдени во Македонија.
Според процедурата македонските власти треба да испратат барање со потребната документација до албанските за да ги вратат иконите во Македонија.
Во акцијата „Икона“ реализирна на почетокот на октомври албанската полиција заплени 1.077 икони, артефакти, бронзени и други предмети, кои потекнуваат од средниот век. Уапсини беа Ѓерѓи Тимо(51), кој ги отфрла обвинувањата и тврди дека бил колекционер и неговиот сработник Арбен Спахо(42), кои се уште се во притвор.
Во текот на истрагата е утврдено дека најмалку 40 икони, Тимо продал во Италија додека на албански државјанин во Швајцарија му продал осум стари и многу вредни икони за по 10.000 евра.