Меѓународна конференција за безбедност во Охрид

„Инсајдер манки“: Ова се седумте најдобри места за посета во Македонија

Безбедноста како предмет на истражување – пристапи, концепти и политики е тема на меѓународната научна конференција што ќе се одржи денеска во Охрид во организација на Факултетот за безбедност-Скопје.

На научниот собир ќе учествуваат над 130 професори и научни работници од 15 држави: Италија, Руската федерација, Унгарија, Португалија, Чешка, Украина, Шведска, Бугарија, Словенија, Хрватска, Србија, Албанија, Црна Гора, Република Српска, Босна и Херцеговина и од Македонија.

Најавени се предавања и презентации за безбедноста како предмет на истражување и безбедносната соработка како и отворање актуелни теми и проблеми од безбедноста и дефинирање на пристапите, концептите и политиките за безбедност во иднина.