САД и меѓународната заедница никогаш нема да го признаат референдумот во Крим за отцепување од Украина. Овие зборови претседателот Барак Обама ги упатил до својот руски колега Владимир Путин, пишуваат светските медиуми. Во телефонски разговор, откако жителите во украинската провинција Крим едногласно гласаа за присоединување со Русија, Обама истакна дека референдумот во Крим не само што го нарушува украинскиот Устав, туку и се согласува да биде под руска воена окупација.
„Тој нагласи дека руските акции го нарушуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Во координација со нашите европски партнери подготвуваме наметнување дополнителни санкции на Русија поради нејзините дејства“, истакнал портпаролот Белата куќа.