Меѓусебна расправија кулминираше со убиство: Познат идентитетот на убиените во Чаир

Меѓусебна расправија кулминираше со убиство денеска претпладне во скопската населба Чаир.

Педесет и шестгодишниот Алајдин Ајрини и неговиот 27-годишен син Мустафа се убиени од Шукри Тахири. Таткото и синот дошле до куќата на 52-годишниот Тахири, почнале вербална расправија со него. Тој го извадил пиштолот, кој најверојатно го поседувал без дозвола, и ги убил на прагот од неговата куќа.

Потоа Тахири зелам со себе 2.300 евра и оружјето, со кое што го извршил убиството, и се дал во бегство.

По кратка полициска потера, Алфите успеаја да го фатат убиецот во близина на Гинекологијата Чаир.