Во рамките на Културно Лето „Гази Баба 2017“ се одржа осмиот меѓународен фолклорен фестивал Гази Баба.
На концертот учествуваа фолклорни друштва од Македонија, Полска, Турција, Австралија, Полска, Србија, Романија како и домаќинот – Ансамблот за народни песни и игри „Јонче Христовски“.
Фестивалот беше организиран од општина Гази Баба во соработка со Ансамблот за народни песни и игри „Јонче Христовски“, а поддржан од Министерството за култура на Македонија и секоја година прераснува во фестивал посакуван за учество од културно уметнички друштва од Европа и светот.
Фестивалските вечери се одржаа пред голем број посетители на неколку локации во Гази Баба: плоштадот во Автокоманда, во дворот на ОУ„Наум Охридски“ во селото Булачани и во населбата Железарница во дворот на ОУ „Григор Прличев“.
Фолклорните друштва се претставија со песни и игри, претставувајќи дел од фолклорот и традицијата на своите земји.
На дел од програмата присуствуваше градоначалникот Тони Трајковски заедно со градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски.
Градоначалникот Трајковски ги поздрави присутните учесници , како и гостите кои го следеа концертот. Фолклорните друштва со своите изведби, музика и прекрасните носии од своите држави ја одушевија присутната публика.