Меѓународен тим ќе го истражува убиството на Куцијак

Државниот обвинител на Словачка потпишал спогодба за формирање на меѓународен тим, кој има задача да го истражи убиството на словачкиот истражувачки новинар, Јан Куцијак и неговата свршеница.

Според портпаролот на обвинитлеството, обвинителот  во Хаг се договорил за тимот со италијанските правосудски власти и претставниците на Евопол и Евроџастис, агенции кои ја координираат борбата против организираниот криминал во Европа.

Куцијак и неговата свршеница, Мартина Куснирова беа убиени на 21 февруари во станот на новинарот. Тие беа застрелани со огнено оружје.
Словачките власти недоамна соопштија дека сите околности укажуваат на фактот дека убиството било наррачано и дека најверојатно има врска со работата на Куцијак.
Тој пишуваше текстови за врските на италијанската мафија со соработниците на поранешниот премиер на Словачка, Роберт Фици и корупциските скандали поврзани со партијата на премиерот.

Убиството на Куцијак предизвика политичка криза во земјата која резултираше со протести, смената на шефот на националната полиција и пад на Владата.