
Интерпол распиша потерница за Никола Митревски, Младен Додевски, Дејан Давидовски, Александар Василевски – Нинџа и Митре Питроповски, осомничени за насилството во Собранието на 27-ми април.
За петтиот потерницата е распишана порано, па вкупниот број осомничени кои им се недостапни на органите на прогонот засега е пет лица.
Судот во нивно отсуство им определи мерка притвор и веднаш штом ќе бидат пронајдени, ќе бидат спроведени во Истражниот затвор во Шуто Оризари.