Додека трае истрагата за трагичниот пожар во модуларната ковид-болница во Тетово во кој загинаа 14 луѓе, најбезбедно и најчесно е модуларните болници привремено да бидат затворени, смета д-р Злате Мехмедовиќ во Студио 10 на ТВ24.
„Модуларните болници се значаен капацитет, доколку ги нема нив ќе биде тешко да се даде квалитетна здравствена заштита. Доколку не се расчисти прашањето за безбедноста на тие болници ќе биде тешко да се убедат граѓаните дали тие се безбедни“, рече Мехмедовиќ.
Тој, сепак, оцени дека начинот на кој се врши истрагата давал надежи.
„Најбезбедно и најчесно е за да се премине ова е тие болници да се затворат привремено, а откако ќе се утврди дека се безбедни, повторно да се вратат во употреба. Не треба да бараме поинаков пристап, не постои начин за земја што нема доволно финансиски средства, да обезбеди квалитетна здравствена заштита во соодветни здравствени установи. Тоа ѝ се случи и на Кина. Факторот време е многу битен. Модуларните болници треба да издржат пожар од 30 минути до 4 часа“ , посочи.