Потребниот број писма на парламентарците за објавување гласање за недоваерба на челникот на британската влада до неделата не е собран, изјави премиерката Тереза Меј, во текот на гостувањрто на телевизијата Sky News.
„Колку што ми е познато, бројот на писмата е недоволен за да се започне со процесот за гласање недоверба“, рече Меј.
Претходно седмицава во Белика Британија повторно се заостри политичката криза по поднесувањето на предлог-договорот за брегзитот, вклучително и во редовите на владејачката Конзервативна партија, поради што расте заканата зе гласање недоверба на премеирката Тереза Меј којашто пред пратениците го бранеше документот. Незадоволството од договорот резултираше со оставки на четворица членови во нејзиниот кабинет во четвртокот, како и со поделеност меѓу конзервативните пратеници.
Постапката за закажување на седница на којашто се гласа недоверба на британскиот премиер се одвива според процедурата која предвидува пратеници да му упатат писмо на претседателот на ткн Комитетот 1922 во кое се бара такво изјаснување, под услов 15 отсто од претствниците во Долниот дом да упатат такво писмо. За отповикувањето на Меј од должноста потребни се 48 писма од парламентарците.
Политичката криза којашто се заканува со гласање на недоверба на Меј се заостри летово, откако премиерката на 6-ти јули инсистираше на олеснување на условите за брегзитот и ги принуди министрите да го поддржат нејзиниот план, кој беше наречен „планот Чекерс“. Тоа беше проследено со првата серија оставки на министрите конзервативци, како министерот за брегзит и шефот и дипломатијата, како и од некои помалку важни ресори. Истовремено, водството на Конзервативната партија уште тогаш доби барања од видни членови за гласање недоверба на премеиркта.