Меј одбива да го менува законот за абортус во Северна Ирска

Британската премиерка Тереза Меј е во спор со министрите и пратениците од нејзината Конзервативна партија бидејќи одби да ја поддржи реформата на извонредно строгиот закон за абортусот во Северна Ирска, откако Република Ирска на референдум одлучи да го ублажи својот најригорозен закон во Европа во оваа сфера.

Гласачите во силно католички определената Ирска ги поддржаа промените на законот за абортусот со 66 отсто, што е многу поголем процент отколку што предвидуваа анкетите пред гласањето.

Овој исход предизвика британската прмиерка Тереза Меј да добие повици од нејзиниот министерски кабинет да ги укине строгите прописи за абортусот во Северна Ирска и да ги усогласи тамошните закони со остатокот од Обединетото Кралство.

Пени Мордонт, британската министерка за женски права и родова еднаквост, смета дека победата околу легализирањето на абортусот во Ирска треба да доведе до промени и северно од ирската граница.

„Историски голем ден за Ирска и се надеваме и за Северна Ирска. Оваа надеж треба да биде исполнета“, изјави Мордонт.

Портпаролката на британската премиерка во неделата истакна дека промената на прописите моќже да ги спроведен само владата во Белфаст, но таа не функционира од јануари минатата година откако пропадна договор за поделба на власта меѓу ирските националистичкиот Шин Фејн и Демократските унионистичката партија (DUP).

Од колапсот на власта во Белфаст големите одлуки за овој регион на Обединетото Кралство ги носат британските функционери, а тоа значи дека владата во Лондон може директно да носи одлуки за Северна Ирска.

Британската премиерка во неделата на Twitter му „честита на ирскиот народ на неговата одлука“, но не откри што тоа ќе претставува за Северна Ирска коај има еден од најстрогите закон за абортусот во Европа кон не го признава силувањето или малформацијата на фетусот како причина за овој чин.