Меј потврди дека преговорите за Брегзит започнуваат за две седмици

Велика Британија планира пртансеговорите за излегување од Европската унија да ги започне за две седмици, како што беше планирано, изјавила во саботата вечерта британската премиерка Тереза Меј во разговорот со германската канцеларка Ангела Меркел, соопшти службата за односи со јавноста на Меј.

Иако е со ослабени позиции по неочекувано послабите резултати од предвремените парламентарни избори од четвртокот на кое го загуби апсолутното парламентарно мнозинство, британската конзервативна премеиерка Тереза Меј „потврди дека преговорите за Брегзит има намера да ги започне за две седмици, како што беше планирано, се наведува во соопштението на Даунинг стрит.

Меј во саботата постигна „договор за главните насоки“ со помалата северноирската Демократска унионистичка партија (DUP), којашто ќе ѝ овозможи просто мнозинство во парламентот.

„Можеме да потврдиме дека DUP даде начелна согласност за договорот за главните насоки за да се поддржи конзервативната влада“, изјави во саботата вечерта портпаролот на Даунинг стрит. Но беше о дека северноирските унионисти најверојатно нема да партиципираат во новата влада.

Неколку дена пред почетокот на преговорите за излегувањето од ЕУ, поддршката од десетте пратеници на DUP, регионална ултраконзервативна протестантска партија, е неопходна за конзервативците на Меј, коишто на изборите претрпеа тежок пораз во однос на претходните избори, за мнозинство во парламентот.

Во неделата Даунинг стрит соопшти дека во тек се преговорите со DUP за постигнување на конечниот договор за владата, откако ден претходно беше соопштено дека е постигнат начелен договор.

„Премиерката во саботата навечер со DUP разговараше за финализација на договорот, а парламентот продолжува со работата идната седмица. Договорот сакаме да го постигнеме поради стабилноста и сигурноста кои ѝ се потребни на земјата во овој момент кога ги започнува преговорите, а и подоцна“, истакна Даунинг стрит.