Британската премиерка Тереза Меј изјави во средата дека сака на Обединетото Кралство да му се дозволи напуштање на Европската унија со договор на 22-ри мај,
Меј претходно со европските челници договори брегзитот да биде спроведен до споменатиот датум доколку парламентот во Лондон до 29-ти мат го прифатеше договорот што таа го постигна со Брисел, но тие и по третпат го одбија.
Британската премиерка сега се обидува да постигне компромис со челникот на опозициските лабуристи, Џереми Корбин, кој повикуваа на продолжување на членството во царинската унија и близок однос со единствениот европски пазар.
„Сега сакам да успееме да пронајдеме пристап со кој со меѓупартиска поддршка можеме да ги потврдиме спогодбата и договорот кој ќе ни овозможи излегување на 22-ри мај“, рече премиерката Меј.
Секое ново одложување од моментални одредениот датум 12-ти апорил, мора да го прифатат сите други 27 земји членки на ЕУ. Европските челници ќе се состанат на вонреден самит во Брисел два дена пред истекот на овој рок. Во меѓувреме во средата од Европската комисија рекоа дека, како што во моментов изгледаат работите, брегзитот ќе се случи на 12-ти април на полноќ.