Пзнатата мејкап артистка Ивана Лисак, минатата недела пред македонската публика преку интересно мејкап шоу презентираше неколку ултимативни мејкап трендови со производите на престижниот козметички бренд Ланком.
„Што се однесува до мојот пристап кон шминкањето, иако работам се и бескрајно уживам во креативниот дел од мојата работа, она во што најмногу уживам длабоко е поврзано со Lancome. Во брендот ми се споија идеалните бои, текстури и мириси и секогаш имам чувство дека токму Lancome ја црпи целата креативност од мене. Мојата мотивација за оваа работа се самите жени“, вели Лисак.
Ивана Лисак е родена во Загреб каде и што го завршила средното медицинско училиште, а потоа продолжила со работа неколку години во фамилијарниот бизнис.Во 1999 година одлучила страста и хобито кон шминкањето да го претвори во професија и заминува на школување во Лондон. Во Лондон се запишува на двегодишни студии за мејк ап и завршува со највисок просек. По завршување на студиите некое време работи како freelance мејк ап артискт,но сфаќа дека таа форма на работење не и одговара па се одлучува да работи под поткритие на некој бренд.
GRANDIÔSE LINER: Очи од поинаква перспектива
Тушот за очи го прослави филмската индустрија и благодарение на неа ние се сеќаваме на некои од најстрасните погледи. Се појавува како заштитен знак во светот на кинематографијата и модната фотографија и ја претставува ултимативната жена со желба да ја истакне својата убавина. Lancôme уште еднаш ги поместува границите и го претставува Grandiôse Liner, револиционерен туш за очи инспириран од техниките кои ги користат мејкап артисите. Ги моделира сопствените правила, благодарение на суптилната техника и неверојатната флексибилност при нанесување.
Ова чудо на технологијата вклучува вратило кое овозможува виткање на апликаторот до 35 степени и овозможува досега невидена флексибилност при нанесување. Нова густа, транспарентна и целосна мат формула го интензивира погледот и создава исклучително храбри линии.
Закоси, нанеси и креирај
Ова е една од најдобро чуваните тајни на мејкап артистите: виктањето на четката под агол овозможува поголема флексибилност и креативност, а со тоа и поубави очи.
Неверојатен храбар мат финиш
Густи, транспарентни и екстремни мат пигменти кои создаваат неверојатно софистициран изглед. Тушот е достапен во три исклучително интензивни нијанси (црна како јаглен, сина како сафир и продорно смеѓа), а чистиот мат финиш носи бескрајна постојаност, без размачкување. Формулата на база на вода лесно се нанесува нежно и брзо се суши. Влагата и себумот во никој случај не влијаат на линијата. Grandiôse Liner лесно може да се отстрани и да се измие со топла вода.
Grandiôse Extrême: нов класик за неверојатен волумен на трепките
Новата маскара Grandiôse Extrême овозможува максимален волумен и совршено го надополнува ” Grandiôse ” изгледот. Иновативната формула го реинтерпретира концептот на постојан волумен благодарение на апликаторот во форма на лебедов врат, кој сам ја наведува раката на нанесување од коренот на трепките. Трепките се убаво заоблени, издолжени и зголемени, а резултатот е исклучително софистициран и озвозможува заводлив изглед. Првата тајна за волумен се крие во големата количина на еластомер во четкичката. Големиот број на влакна се групирани во наизменични редови и овозможуваат подобро раздвојување на трепките и видно се зголемуваат.
Grandiôse Extrême e модерна и префинета маскара во црно мат шишенце кое и самото најавува дека станува збор за маскара со досега ниведен интензитет.
Lancôme ви ги претставува Juicy Shaker
По Juicy Tubes, кои важеа за револуционерен изум во 2000 година, Lancôme ги создава Juicy Shaker, производ кој ги кржи сите правила преку своите разиграни бои кои треба да се растресат пред употреба. Што го прави производот толку уникатен? Невиден до сега начин на нанесување, двофазна формула која е мешавина од обоени пигменти и масла кои негуваат, и уникатен апликатор… А резултатот се интензивни и вибрантни блескави бои, нежна и нелеплива текстура. На кратко, ова е тотално зависен производ, сензација за забавните и чик девојки и додаток од кој никогаш нема да се уморите…
Текстурата на Juicy Shaker се соединува со усните при самата апликација, благодарение на четирите бесценети состојки кои ги содржи: масла кои заштитуваат, масла кои инстантно ги измазнуваат усните и ги истакнуваат, масла кои блескаат и даваат сјај и масла кои не се лепливи. Благодарение на својата двофазна формула, Juicy Shaker комбинира уживање и боја од перфектно дозирани пигменти кои создаваат вибрантни бои…
Адаптибилен апликатор
Lancôme создаде адаптибилен апликатор за усни: изненадувачка алатка која свиленкасто нежно се соединува со усните… Како сунѓер velvety, supple and soft to the touch… Like a sponge, неговата алвеоларна текстура ја апсорбира вистинската доза од формулата и благодарение на паметната форма која совршено ги прегрнува усните. Овој апликатор апсорбира доволно од формулата така што со секое повторување бојата станува поинтензивна.
L’Absolu Rouge
„Карминот треба да блеска како скапоцен накит.” Со оваа изјава, Armand Petitjean., основач на Ланком, го постави тонот уште во 1937 година. Легендата за L’Absolu Rouge се градеше врз таа основа од 1990 година. Вистинска икона, симболичниот Ланком кармин се менуваше во текот на годините, прилагодувајќи се на потребите на жените и постојано нудејќи им слобода да ја изразат ослободувачката, радосната и позитивната убавина. Денес, 25 години по неговото создавање, L’Absolu Rouge повторно се открива, станувајќи уште повеќе скапоцен, женствен и изненадувачи од било кога. Неговата палета на нијанси никогаш не била толку впечатлива и привлечна. Секоја нијанса е сместена во ново, ултра-атрактивно пакување, трибјут на скапоцените кутивчиња креирани од страна на Armand Petitjean.. Со скапоценото пакување што сјае уште повеќе, Lancôme го зачувува својот дух на совршенство и убавина.
Создаден во 1935 година од страна на визионерот Armand Petitjean со цел да го промовира францускиот стил и вкус низ целиот свет, Ланком секогаш бил олицетворение на современата убавина. Бренд во кој фигурира одличното, совршениот мирис за нега на кожа, и шминка кои одат рака под рака. Од своето создавање во 1935-та година, Ланком ја открива убавината на жените од целиот свет и им помага да донесат што повеќе убавина во својот живот, без разлика на нивната возраст, стил и боја на кожа.
Високо покривна пудра
Веќе над 80 години Lancôme постојано инвестира во производи за нега и убавина на женската кожа. Во својата лабараторија создава производи кои одговараат на секоја потреба на современите жени, погодувајќи ги во целост.
Водејќи се според Азиската убавина со своите ултра-инвентивни високи стандарди поттикнува интеракција помеѓу различните убавини ширум светот. Во 2015-тата година ја создаде пудрата мека како перниче која ги остави жените без здив. Оваа пудра беше создадена за да им понуди на своите потрошувачи чекор понапред во содавањето на убавината за кожата. Водич за создавањето на оваа пудра беше мулти-награуваниот производ – пудрата Teint Miracle.
Нова пудра која го чека својот патент Cushion Polar™.
Пудрата е содадена за да се адаптира на кожата, да и даде кремаста текстура и висока покривност. Со оваа пудра секоја желба за висока покривност на жените е задоволена. Тајната на овој производ е веке постоечкиот мек сунѓер покриен со невидлива мрежа.
Teint Idole Ultra Cushion постигнува се!!!
Со Teint Idole Ultra Cushion, потребни се само неколку секунди за да го добиете посакуваниот изглед. Без разлика каде ќе те однесе животот вашиот тен секогаш ќе биде совршен доколку нанесете од оваа прекрасна пудра.