Во боксерскиот меч кој привлече невидено внимание, Флојд Мејведер беше поуспешен од Мани Пакјао, па по титулите во ВБЦ и ВБА, стигна и до шампионската круна во ВБО верзијата во велтер категорија. Но, сепак, на крајот остана без последниот трофеј.
ВБО му ја одзеде титулата на Флојд Мејведер затоа што не плати 200 илјади долари на оваа организација за одржување на борбата. Поради тоа ВБО повеќе не го признава за свој шампион па му е одземен насловот.
Иако од мечот со Пакјао заработи околу 230 милиони долари, најплатениот спортист на светот не сакаше да го плати долгот од само 200 илјади долари во рок од два месеци колку што ВБО побарува.
По оваа одлука, сега нов шампион во ВБО верзијата е Тимоти Бредли кој во битката за привремен шампион беше подобар од Џеси Варгас.