„Мекдоналдс“ на работниците ќе треба да им исплати 26 милиони долари

Американскиот ланец за брза храна „Мекдоналдс“, ќе треба да исплати 26 милиони долари на работниците кои не се доволно платени.

Од 2013 година компанијата има различни тужби од 38.000 работници. Тие тужеле затоа што не им била платена ноќната работа, не добивале минималец, забранети им биле паузите, а не добивале надомест ниту за прекувремената работа.

Сега ќе мораат да делат нови униформи и јавно да означат кога имаат паузи. Се смета дека ова ќе ги охрабри и другите работници, затоа што сега е познато дека работниците можат да го тужат „Мекдоналдс“.