Поранешниот македонски репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб се најде на топ 5 листата на порталот „Eurohoops“ на најзвучни кошаркарски имиња кои се слободни агенти.
Мекејлеб минатата сезона во Евролигата дресот на турскиот тим Фенербахче бележеше 11,9 поени по натпревар, 3,2 скокови и 2,5 асистенции. Сепак, и покрај добрата статистика, тренерот на турскиот тим Жељко Обрадовиќ одлучи во новата сезона да не смета на неговите услуги.
Сега тој е во потрага по нов клуб, а интернет порталот „Eurohoops“ потенцира дека тој најверојатно ќе мора да прифати далеку помали примања доколку сака да остане во Европа. Се спомнува и Кина, но и НБА лигата.
Останатите кошаркари кои се најдоа на оваа листа се Милан Мачван, Микаел Желабал, Попс Менса Бонсу и Мајкл Брамос.