Македонскиот кошаркарски репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб беше втор стрелец на натпреварот во Истанбул, но неговиот Фенербачхе Улкер изгуби од Емпорио Армани со 82:73 и се оддалечи од пласманот во четвртфиналето во Евролига.
Плејмејкерот на турскиот тим и македонската репрезентација за 31 минута во игра против гостите од Милано постигна 17 поени, седум помалку од соиграчот и најефикасен поединец на мечот Бојан Богдановиќ.
Поразот во12. натпревар во рамките на групата Е од фазата топ 16 ги остави „слаткарите“ на петтото место, едно подлу од последното што води меѓу осумте најдобри во Евролигата.