![BoMekejleb](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/10/BoMekejleb.jpg?resize=615%2C400&ssl=1)
Мекејлеб не го крие задоволството од новиот ангажман во Њу Орлеанс каде, сепак, најпрво ќе треба да ги докаже своите квалитети пред да обезбеди место во составот за новата сезона. Потпиша делумно загарантиран договор, со тоа што наредниот период ќе се бори за едно од последните две места во составот.
Пресреќен сум затоа што добив повик од еден НБА клуб, а посебно што тоа е клубот од мојот роден град. Воопшто не размислував. Знам дека ме чека тежок предизвик, благодарен сум на укажаната шанса и подготвен сум да го дадам максимумот, вели Мекејлеб во првото интервју по ангажманот во новиот клуб, дополнувајќи дека е свесен за тоа што го очекува.
Во Европа се игра квалитетно, но сепак НБА лигата е нешто врвно. Нема да ми биде лесно, но знам дека можам брзо да се адаптирам.
Поранешниот македонски репрезентативец, кој беше еден од нашите клучни играчи до 4-то место на ЕП во Литванија, треба да биде замена за Норис Кол во Пеликанс, а повикот за ангажман следи поради потребата за таков играч.