Македонскиот кошаркар Лестер Бо Мекејлеб имаше извонредна партија во осмиот натпревар од Топ 16 фазата во Евролигата во кој неговиот Фенербахче славеше против Олимпијакос со 78:74. Турскио тим стигнаа до четвртата победа во оваа фаза од натпреварувањето, а Мекејлеб реализираше 20 поени дополнети со четири скока и три асистенции. Мекејлеб беше убедливот најдобриот кошаркар во својот тим заедно со Линас Клеиза кој постигна 21 поен. Во поразениот тим кај гостите по 17 поени постигнаа Перпероглу и Слоукас.