Мекејн: САД ќе одлучат кога ќе се укинат санкциите кон Русија

Американскиот сенатор Џон Мекејн изјави дека САД ќе одлучат дали и кога ќе бидат укинати санкциите на ЕУ кон Русија.

– Меѓу Европејците очевидно се водат многу полемики за укинување на санкциите… Има многу земји кои бараат излез. Повеќе месеци слушам дека постои огромен притисок во многу земји, посебно во Германија, за укинување на санкциите. Сепак, од Вашингтон зависи дали и кога ќе бидат укинати (санкциите), истакна Мекејн.

Според него, конечната одлука на европските земји по ова прашање зависи „до некоја мерка на американската Влада“.

Следната недела на Меѓународната конференција во Минхен, на која треба да присуствува и рускиот премиер Дмитриј Медведев, се очекува да се разгледа и ова прашање.

Медведев неодамна нагласи дека Москва нема намера да презема никаква иницијатива за укинување на санкциите кои ЕУ ги воведе против Русија, додавајќи дека тоа е процес кој не го започнале руските власти