Од неправда не никнува правда. Само ако се свртите позади мене, не можам ни да ги прочитам колку афери имаат од кога се дојдени на власт. Ние македонците само бараме слобода и правда, и ништо друго, порача на вечерашниот протест Тони Мекиновски, претседател на правна комисија на ВМРО-ДПМНЕ.
-Ние Македонците само бараме фер судење и бараме да функционираат демократските институции во една држава, ние тоа не го добивме. Талибанскиот режим која сега е на власт, предводен од Социјалдемократскиот Сојуз сака да не убеди дека ќе добиеме датум за преговори со Европската Унија и дека ќе преговарале за правда и слобода за поглавјата 24 и 23. Далеку сте вие господа од слобода и правда, вашата правда е неправда за нас Македонците, вашата слобода зарем може да биде слобода со тоа што ги бришете знамињата на шахтите и не давате ние македонците да се кажуваме како Македонци, истакна тој.
Тој порача: „Да не се заборави, секогаш кога Социјалдемократскиот Сојуз бил на власт, секогаш имало политички азиланти, и уште во 1998 година, ќе го споменам првиот азилант политички во Канада кога кралството Канада му даде политички азил на македонец кој бил репресиран за тоа што бил член на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што ја сакал Македонија и како вас, и како сите ние овде ја има каузата во својот ген, македонската кауза“.
-Во 1998 година, кралството Канада на Јордан Петревски му дава политички азил замислете, каде што во пресудата на канадскиот суд стои дека 50 илјади македонци се следени, тоа е срамота, тоа е многу голема срамота. Ќе спомнам и една друга пресуда, на едно друго кралство, демократско, тоа е Шведското кралство каде му даде политички азил на еден македонец кој сакаше само да влезе во собранието и да го штити уставниот поредок на Република Македонија. Едно ќе им порачам: Вашата правда е неправда за нас Македонците. Ќе дојде време кога ќе одговарате, ќе одговарате за велепредавство и ќе одговарате за геноцид врз сопствениот народ, заклучи тој.
Целиот протест и неговото обраќање, погледнете ги во продолжение: