Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор не му ја честиташе прогласената победа на американските претседателски избори на демократскиот кандидат Џо Бајден, велејќи дека не сака да демонстрира невоздржаност и да даде несоодветна предвремена изјава.
„Ќе го чекаме крајот на сите правни процедури. Не сакаме да бидеме нагли, не сакаме да постапиме избрзано и го почитуваме правото на самоопределување на народите“, изјави Обрадор ноќта кон неделата на прес-конференција во градот Табаско.
Лопез Орбадор потсети дека за време на изборите во 2006 година, тогашниот шпански премиер Запатеро му честиташе на кандидоат Луис Калдерон, и пред завршувањето на официјалното пребројување на гласовите и исткана дека нема намера да постапи исто.
Обрадор истакна оти тоа е „политички разумна“ одлука, додавајќи оти е во добри односи и со Доналд Трамп и со Џо Бајден.
Мексикански претставници тврдат дека Обрадор се обидува да ги избегне тензиите со Трамп, чиј мандат истекува на 20 јануари, поради зачувување на мирот и добрососедските односи. За време на мандатот на Трамп, Обрадор ја прифати неговата миграциска политика, а Вашингтон воглавно избегнуваше да ја критикува економската политика на Мексико.
„Претседателот Трамп со почитување се однесуваше кон нас. И ние сме благодарни што не се мешаше“, истакна Обрадор.
Мексико е најголем трговски партнер на САД и билатералните односи со северниот сосед се многу важни за земјата.
Мексико беше првата латиноамериканска земја која јавно се воздржа да му честита на Бајден. Според медиумите, бразилскиот претедател Жаир Болсонаро ја следи истата позиција како и Обрадор.
Претходно претседателите на Венецуела, Костарика, Гватемала, Перу, Чиле, Панама, и Хондурас ми испратија честитки на Бајден за победата на американските претседателски избори.